Електронска адреса.
Анета Ј.

Анета Ј.

Охрид52 години14 години искуство

Децата поминуваат низ нас, но не се наша сопственост, ова беше моето основно правило додека ги воспитував моите два сина сега веќе полнолетни личности. Во 2001 година ја отворив првата игротека во Охрид (детски креативен центар) ,,Весели Био,, со цел да им подарам на децата и родителите катче каде ќе се релаксираат, едуцираат и споделуваат искуства.Од тогаш се до денес работам како аниматор за деца на детски роденденски и други прослави. Љубовта кон децата ја преточив и преку малите екрани во локалната телевизија ТВМ каде две сезони имав авторска деска емисија ,,Весела Броенка,, на која и дене се присетуваат огромниот број деца кои продефилираја низ сите емисии. Десет години од својот животен век ги подарив на работата во Црвен крст Охрид како волонтер, координатор на млади, едукатор за превенција во повеќе области. Последното работно место беше како воспитувач,едукатор и аниматор во игротеката ,,Смајли,, се до 01-09-2020 во меѓувреме работев како дадилка на едно дете континуирано 15 месеци и на повеке деца повремено по неколку часа. Децата се мојата најверна и најискрена публика .
Сертификат за укажување прва помош на работно место,
Курс за книговодител ,,Кузнам Шапкарев,,-Охрид
Сертификат од УСИД за тренер за работа со Училишни Одбори
Сертификат од HANDIKAP INTERNATIONAL И ПЦПЛИП-ПОРАКА за учество и придонес за изготвување на тригодишен акционен план за лицата со попреченост во Општина Охрид.
Сертификат од OSCE и ЦКРМ за работилници преку форум театар во рамките на проект ,,Младите во борба против трговија со луѓе,,.
Сертификат за обучувач за концептот на недискриминација од Британски совет во РМ и НВО,,Еднаков Пристап,,
Сертификат за бизнис планирање од фондација Бизнис Старт Ап Центар –Битола
Сертификат за лидерски и менаџерски вештиниод фондација Бизнис Старт Ап Центар –Битола
Сертификат ,,Модерен наставник,, 1 модул (психолошки центар Солушн предавач Марија Дамјановска Сертифициран НЛП мастер тренер и НЛП коучер за сонувачи со храбро срце)
Член на СОС неформалното здружение
Основни познавање на англиски јазик
Познавање на работа со компјутер.

Телефонски број: видливо само за членови

FacebookInstagram

0 препорачува
Работа

Време: договорено поединечно (може да започне веднаш)

Дадилка: Може да се преговара

Искуство: 14 години

Чување деца
  • Може да работи во свој дом

  • Може да работи со инвалиди

  • Може да работи со миленичиња

  • Може да оди надвор со деца

  • Може да пазари

  • Може да готви

  • Може да чисти

  • Има возачка дозвола

  • Има автомобил

  • Не пуши

 

Би работел со

  1. Бебиња, 0-1 години

  2. Мали деца, 2-3 години

  3. Предучилишни деца, 4-6 години

  4. Ученици, 7-11 години

  5. Тинејџери, 12-18 години

Образование

Средно

Институција: ОЕМУЦ,, Св.Наум Охридски,, Охрид

Специјалност: четврти степен средна стручна спрема

Јазици: Англиски, Македонски, Српски