
Тамара З.
Ѓорче Петров, Скопје20 години2 години искуство- Препорача
- СочувајСочувано
(Моментално е ангажирана)
Дадилка со двегодишно искуство во грижа, анимација и едукација на едно или повеќе деца од секаква возраст. Има голема желба да работи со деца.Смирена, комуникативна и одговорна личност. Способна да се грижи за повеќе деца истовремено, да помага во секакви домашни обврски како подготвување храна, бањање, пресоблекување и слично. Вешта во водење лекции за рано детско образование преку создавање забавни, едукатвни и креативни активности. Владее со смиреност, трпеливост и ведрина. Спортува, знае да свири на инструменти, познава повеќе странски јазици и способна е целосно да комуницира во повеќето од нив. Прифаќа критики со цел да се подобри во својата работа. Способна да решава конфликти помеѓу децата на разумен и смирен начин, на кој тие ќе ги разберат последиците на своите постапки.
"
Курсеви по странски јазици
- Англиски степен C1
- Гермаски степен B2
- Француски степен B1
Познавање на јазици без посетување на курс
- српски/македонски мајчин јазик
- грчки- живеење и работа во Грција
Има посетувано обука за делување против врскичко насилство, стекнување на вештини за смирено и разумно решавање на конфликти помеѓу луѓето
Асистенција на професионално лице во работа со деца со посебни потреби
Има искуство со чување на деца по потреба."
Телефонски број: видливо само за членови
0 препорачува