Весна М.
Карпош, Скопје65 години33 години искуство- Препорача
- СочувајСочувано
"Љубовта кон децата, посебно кон оние помалите од предшколска и најрана школска возраст, ме поттикнаа мојата професија и понатамошниот професионален развој да биде поврзан токму со децата.
Како долгогодишен просветен работник во училиште, љубовта кон децата, грижата за нив, воспитувањето и едукацијата на децата, станаа мојот животен стил, целосно да им се посветам на децата. Професионалното и животното искуство со оваа популациона категорија, ме наведоа да почнам да размислувам своето слободно време, па и по пензионирањето, и понатаму да работам и да им се посветам на децата како дадилка, а воедно и како воспитувач и како едукатор, полека да ги воведувам во тајните на животот, да ги учам да не отстапуваат дури ни пред најмалите предизвиците кои ни ги носи животот, туку да им се спротистават на истите и така да се изградат во јаки личности.
Вистинита е изреката дека „Децата се нашето најголемо богатство“.
Децата се цвет кој треба постојано да се негува, кој треба да се одржува и во кој треба да се вложува."
"Лиценца за директор во основно и средно училиште,
Обуки:
- примена и користење на информатичка технологија во образовниот процес,
- инклузија (вклученост) на деца со попреченост во наставата
- стручни обуки потребни за усовршување на наставниот процес, како и за потребите на инспекциската служба"
Телефонски број: видливо само за членови
0 препорачува