
Marija D. бара дадилка
СкопјеБарам дадилка која има искуство со чување на деца со атипичен развој за чување на 4 годишно дете со закаснување во говорот и кое посетува дефектолог каде напредува добро. Потребен е повремен ангажман за чување на детето( *особено кое е болно или останува дома со родителите) за време на цело работно време додека родителите се со работен ангажман. Би сакале да стапиме во контакт со одговорни и сериозни лица кои имаат добри препораки и сепак најважно е да имаат осет за работа со деца со атипичен развој во поглед на стимулација и правилен приод кон развојните предизвици на детето. Детенцето оди во градинка и е многу питомо и обожава луѓе- вистински љубимец на учителките во градинка е. Цената ќе биде договорена лично согласно договорот за ангажманот. Благодарам
Телефонски број: видливо само за членови