Софија С.
Кисела Вода, Скопје26 y4 y experience- Recommend
- SaveSaved
"Имам претходно искуство со работа со деца од предучилишна возраст во приватна градинка во Анкара, Турција и со лица со попреченост во Сарај Центар за лица со попреченост - Анкара.
Во периодот октомври 2018 - февруари 2019 во улога на интервјуер бев дел од МИКС - мултииндикаторско кластерско истражување спроведено од УНИЦЕФ Македонија и ДЗС чија цел беше да се испита здравјето и добросостојбата на жените и децата. Како посебно искуство би го издвоила делот со интервју со децата каде вршев проценки во однос на фукнционирање на детето - когнитивен развој, читање, пишување и сл. што во суштина се едни од основните проценки кои ги користиме во специјалната едукација и рехабилитација (дефектологија).
Работа како тутор/бебиситер со две деца на училишна возраст од странско семејство. Спроведување на едукативни и слободни активности со децата со цел развивање на одредени вештини соодветни на нивната возраст од едукативен аспект но и социо-емоционален. Помош со домашни задачи зададени од училиште, учење добри манири, добро однесување и вредносни системи.
Учам турски јазик - одам на курс во Турски културен центар Скопје (моментално сум со завршено B1 ниво).
Моментално работам со две деца од странско семејство и со НВО (невладина организација, здружение) како специјален едукатор и рехабилитатор. Отворена и слободна сум за асистенција, часови од неколку часови по 17.30 часот или пред 11 часот.
Phone number: visible only to members
0 recommends