Email
PasswordForgot?
Мирјана Ј.

Мирјана Ј.

Скопје56 y

"Имам завршено средно гимназиско образование- педагошка насока. Оваа педагошка насока ме внесе во светот на децата. Преку стручните предмети: предшколска педагогија, психологија, методика на воспитно- образовната работа, педијатрија на здраво дете и праксата што ја имавме во градинката научив многу за децата, нивните потреби и нивниот раст и развој. Оттогаш ја засакав работата со деца. По завршување на училиштето имав среќа да се вработам во градинка како негувателка. Среќа е човек да ја работи работата што ја сака. Тогаш работата е задоволство и исполнува. Работев во јасли, со најмалите и најмилите. Денот почнуваше со прием на децата, прекрасно е чувството што го даваат испружените рачиња и среќата на нивното лице. Следува појадок, предпладневна ужина, пресоблекување и предпладневен одмор (спиење). По одморот следуваат активности со играчки прилагодени на нивнатат возраст (топки, кукли, подвижни играчки, коцки, играчки кои испуштаат различни звуци...). Со овие активности се поттикнува развој на говорот и моторен развој (исправање, седење, лазење, проодување и слично). Доаѓа ручекот, повторно пресоблекување и пладневен одмор после кој децата примаат ужинка и ги очекуваме родителите со кои децата си одат дома. При предавањето ги известуваме родителите како нивното дете го поминало денот во градинката. Ако за време на престојот во градинка некое дете се разболи, се известува родителот и детето се издвојува од останатите деца со постојано присуство и надзор од некој возрасен.
После седум години работа со деца, поради промена на место на живеење и желба да создадам свое семејство требаше да ја напуштам работата. Целосно се посветив на семејствотои децата и им ја пружив сета своја љубов, нега и грижа. Сега, кога моите деца пораснаа горда сум на нив и нивните постигнувања,но ми недостига работата од моите соништа, работата со деца која ми дава задоволство и целосно ме исполнува.
Лиценца за негувателка на деца (во тек на издавање)

Phone number: visible only to members

FacebookInstagram

0 recommends

Work

Time: agreed individually (can start immediately)

Au pair: negotiable

Baby sitting

  • Can work in own home

  • Can work with the disabled

  • Can work with pets

  • Can go outside with children

  • Can do shopping

  • Can cook

  • Can do the cleaning

  • Have a driving license

  • Have a car

  • Don't smoke

 

I would work with

  1. Babies, 0-1 years old

  2. Toddlers, 2-3 years old

  3. Preschoolers, 4-6 years old

  4. Gradeschoolers, 7-11 years old

  5. Teens, 12-18 years old

Education

Secondary

Institution: Гимназија Митко Пенџуклиски - педагошка насока, Кратово

Languages: Macedonian, Serbian